Зошто изневеруваат мажените жени



Тие не бараат љубов до крајот на животот, одамна престанале да веруваат во бајките и принцот на бел коњ. Добро знаат што сакаат, дури и да не го признаваат пред себе. Мажените жени сакаат маж кој сексуално ќе ги “пукне” и ќе ги натера да се почувствуваат сакани. Ова се најчестите причини поради кои тие ги изневеруваат своите сопрузи:


Фатално воодушевена

Нив им недостасува чувството да се почувствуваат привлечни. Бурниот секс е најдобар начин, а мажот кој може да и ја разбуди фантазијата ќе и ги „побрка мислите“. Тие не паѓаат на простотилак и перверзии, туку по инспиративни мажи. Ако некој се грижи за нив и им посвети посебно внимание, тогаш се големи шансите дека жената ќе се одлучи на неверство.


Кога мажот ве натера да се чувствувате убава

Повеќето мажени жени не се чувствуваат попривлечни – единствениот маж во нивниот живот најверојатно ги зема “здраво за готово” и одамна престанале да им даваат комплименти. Особено ако родила деца, таа е исклучително самокритична за своето тело. Тогаш се појавува некој нов во нејзиниот живот и секојдневно ја дарува со комплименти.


Дискреција

“Третото лице” во бракот не губи ништо, но таа ризикува сè. Ако мажот понуди сериозна врска, тогаш тоа нема да се впушти во љубовна врска со него. Прељубата има свои правила, а размислувањето за страстни оргазми со некој, доволно ќе ги заинтригира, за да се впуштат во забранета врска.