Зошто интелигентните луѓе се помалку социјални



Дали сакате да живеете во село, наместо во град? Сакате ли да читате пред да одите на забава? Дали се случило да се криеш кога некој неочекувано ѕвони на вратата? Ако ова е за вас, имаме добри вести. Вие не сте асоцијални. Всушност, можеби сте гениј! Според една студија на NBCI, интелигентните луѓе имаат тенденција да комуницираат помалку и да бараат помалку социјална комуникација.


Интересно, но нивното задоволство од животот се зголемува кога ќе изберат да живеат на свој начин. Според истражувачите Сатоши Каназава и Норман Ли за оние што бараат среќа, стратегијата “пустиникот во шумата” може да биде успешна – особено за многу интелигентните луѓе.

Преку детално истражување, психолозите утврдиле дека луѓето живеат посреќно во помалку населени области. Среќата се зголемува и кога поголем процент од социјалните контакти се со најблиските, за разлика од оние со непознатите, случајните пријатели или познаници. Не е изненадувачки, но учесниците во истражувањето известија за поголем степен на среќа кога комуницираат почесто – освен за една група.


Всушност, како што објаснуваат истражувачите: “Попаметните луѓе искусуваат пониско задоволство од животот со почеста комуникација со пријателите”.

Керол Греам, кој ја проучува економијата на среќа, го разгледува овој ефект. “Резултатите покажуваат (и не е изненадувачки) дека луѓето со поголема интелигенција и способност да ја користат се помалку склони да посветат толку време за социјализација, бидејќи се фокусираат на друга долгорочна цел”. Со други зборови, кога некој ќе каже дека има повеќе добри нешта за правење отколку да излегува со пријателите, всушност има нешто во предвид.


Значи, следниот пат кога ќе одлучите да останете дома, наместо да го посетите клубот, не се чуствувајте чудно. Чувствувајте се паметно. Вие сте еволутивен иноватор!