Зошто една мајка ја објави оваа фотографија?



Оваа фотографија, споделена на Фејсбук од жената по име Шер за само неколку минути собра илјадници позитивни коментари и лајкови. Единствената нејзина цел беше да му ја покаже на светот вистинската дефиниција и љубов.


Благодарение на д-р Молина Дејал и по неколку неуспешни циклуси од ин витро постапките, кои се одржаа во текот на една и пол година, денес среќната Анџела е веќе мајка. А сонот нејзин конечно да има дете, е реалност, која таа го гледа секој ден во лицето на својата мала ќеркичка.

Шприцот и празните шишенца, кои ги гледаме на сликата, наредени околу нејзината ќерка во форма на срце, покажуваат всушност колку е силна и низ што поминала оваа жена да забремени. Таа е доказ дека нема невозможни нешта и соништа, иако тешко.


Една ин витро прецедура чини многу време, болна е и бара контролирана оваријална хиперстимулација (Кох), која се остварува преку апликацијата на лекови од хормонално потекло во форма на инјекции, водечки до развојот на повеќе од еден фоликул. Најчесто се потребни од 1 до 3 поткожни инјекции дневно, а пациентките можат да си ги постават сами дома или во некој ин витро центар. За жал, тие не секогаш водат до посакуваната бременост од првиот пат и се доста скапи.

Анџела е само една од стотиците илјади жени во целиот свет, кои за жал, се соочуваат со неможноста да станат мајки.