Причината за тешкото слабеење во текот на годините се крие во намалената ефикасност на најдобрите масти во нашето тело.
Во телото на човекот постојат два типа масти, добри и соодветно лоши. Со староста најдобрите масти во телото го успоруваат дејството и тоа го спречува брзото слабеење.
Научниците тврдат дека се на чекор од тоа да ја утврдат причината за забавен метаболизам со староста. Средовечните луѓе среќаваат проблем со симнување на килограмите, бидејќи нивните добри масти произведуваат помалку топлина во телото и тоа го забавува согорувањето на лошите бели масти.
Повеќе познатите бели масти се наоѓаат под кожата на стомакот и колковите како резултат на прекумерно јадење. Покрај белите постојат и кафени масти, чија функција е да генерираат топлина во телото, и на тој начин го помагаат метаболизмот и согорувањето на белите поткожни масти.
Одамна е познато на пример, дека додека се во утробата на мајката, околу рамениците на бебињата има кафени масти кои помагаат за одржување на константна температура откако ќе се родат.
При последно истражување, јапонски научници утврдиле дека со староста произведувањето на топлина од кафеавите маснотии се забавува драматично.
Постарите луѓе мора да ги почитуваат диетите многу строго и да вежбаат двапати активно од останатите, советуваат истражувачите од Универзитетот во Јапонија. За таа цел тие препорачуваат серија од вежби пет пати неделно меѓу 35-40 минути и внимателен оброк.