Зошто да јадеме црно чоколадо



Научниците од Универзитетот во Луизијана во САД открија, дека ползата од црното чоколадо за кардиоваскуларниот систем се определува од начинот на кој цревните бактерии ферментираат какао влакна, објави Daily Mail.


Бифидобактериите и млечнокиселинските бактерии го разградуваат чоколадото и произведуваат соединенија кои дејствуваат како естествeно антиинфламаторно средство. Потоа влегува во крвта и ги штити артериите од оштетување.

Какаото содржи полифеноли, кои се антиоксиданси, на пример – катехин и епикатехин. Во него има и малку влакна. И двете компоненти лесно се обработуваат од добрите бактерии во дебелото црево.


Темното чоколадо содржи повеќе какао и со него процесот е повеќе истакнат. Комбинирањето на какаото со пробиотици кои го стимулираат бактерискиот раст, исто го засилува процесот.

Во средината на март 2014 година болницата “Бригам енд уиминс” во Бостон, САД, соопшти дека ќе започне тестирање на лекови против инфаркт, кои содржат состојки од црно чоколадо. Експериментите ќе бидат спроведени од тимот на д-р Џоан Менсон и ќе опфатат 18 илјади мажи и жени на територијата на САД.