Добро прашање е, на кое мислам дека понекогаш немаме одговор, едноставно доаѓа таков момент кога мислиме дека сè пропаднало и пропаѓа околу нас, светот ќе се сруши за момент, но не е така, баш во таквите моменти треба да не ја губиме надежта и вербата бидејќи по дожд доаѓа сонце или можеби ќе изгрее виножито во најшарени бои.
Инаку, надежта и вербата би ги опишала како што човекот не може да живее без вода која му е потребна наутро кога ќе стане да се измие, да пие за да не биде жеден и дехидрира, тогаш ќе падне болен, исто така водата ни е потребна да се искапеме, убаво да се измиеме.
Или како сонцето што не може без облаците бидејќи не е секој ден во годината сончево, некогаш е сончево – понекогаш облачно, дури знае и да заврне.
Кога е сончево од некаде ќе се појави некое облаче сонцето за миг да го втурне во облаците, понекогаш може и некое ветре да дувне, сончевото време за миг да го расипе.
Така е со надежта и вербата во нас, бидејќи едното без друго не оди, тие се како братче и сестриче, каде едно таму и второ, најважно е и покрај сите тешки моменти, секој човек барем понекогаш во животот проаѓа низ такви моменти, никогаш да не се предаваме, никако да не ја губиме надежтта и вербата во нас.
Колку и да е тешка,претешка борбата, сепак на крај ние треба да излеземе како победници на секоја борба затоа што сме херои и борци во срцата и душите, како такви засекогаш ќе останеме.
Автор: Наташа Алексовска, Трепетот на душата