Знаците кои издаваат дека е лош во креветот



Еден од најлесните начини на кои може да дознаете дали тој ќе биде добар љубовник е начинот на кој ве допира. Ако ве допира и не успева да го запалат вашите внатрешни желби и страсти, не очекувајте многу од него под чаршафите.


Со допирот тој мора да го провоцира интересот, да привлече внимание, да разбуди неосвестени сексуални желби и дури и да ве донесе до оргазам.

Не заборавајте дека и само со силата на допирот жената може да достигне до кулминација.


Предиграта е голема црна точка за него. Сеуште имате време да се облечете и да си одите елегантно. Човек кој не одвојува време и значење на љубовната игра и на тоа да ја задоволи максимално партнерката, не вложува напори и при самиот сексуален чин.

Добриот љубовник нуди една долга и разновидна игра која ја распалува уште повеќе желбата на жената.


На првата средба или на некоја од следните, бакнежот порано или подоцна ќе се случи. Ова е првиот миг во којшто разбираме дали тој ќе успее да ги задоволи сексуалните наши желби. Ако се бакнува лошо, не се потребни повеќе знаци за да дознаете дека нема смисла да одете до следната фаза.