Знаци дека вашиот сакан се гледа со друга



Стравот дека вашиот партнер се гледа со друга жена, може да направи хаос од вашиот живот. Ако забележите дека тој сака да се промени, но во тие промени не ве вклучува вас, тогаш веројатно стравовите ви се оправдани.


Еве 6 клучни работи кои се предзнак за неверство:

ПОТРЕБА ЗА ПОГОЛЕМА ПРИВАТНОСТ


Сите имаме потреба од приватност, но преголемата приватност е причина за сомнеж. Поставувањето лозинки на компјутерот и мобилниот телефон е доволен знак дека постои трета личност.

ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ИЗГЛЕДОТ


Изненадувачки поголема грижа за поубав надворешен изглед од вообичаено, избор на нов парфем, преголемо внимавање за комбинацијата на парчиња облека и менување на фризурата.

ИНТИМНОСТА МЕЃУ ВАС ПОЛЕКА ИСЧЕЗНУВА

Низаинтересираност за секс, исчезнувањето на спонтаните бакнежи и прегратки, како и избегнувањето на приватните моменти се исто така доволен знак за постоењето на трет играч во врската.

ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПОМИНУВА ПРЕД КОМПЈУТЕР

Времето кое го минува пред компјутер или на мобилен телефон е значително поголемо од претходно. Последните статистики покажуваат дека Фејсбук, мај спејс и Твитер се причина за прекин на голем број долгогодишни врски.

ПРОМЕНИ ВО РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Драстичните промени во расположението исто така можат да бидат предзнак. Но, бидете внимателни со оваа претпоставка бидејќи стресот на работното место може да биде причина за промена во расположението на вашиот партнер.

ТРОШИ ЗНАЧИТЕЛНО ПОВЕЌЕ

Се труди да не дознаете на што ги троши парите, се задолжува кај пријатели или вади нови кредитни картички. Исто така, ги крие месечните извештаи за телефон од вас.