Знаци дека е време да ја смените фризерката



Ако се најдете во некоја од ситуациите подолу, време е да си побарате нов фризер. Комуникацијата е основен предуслов за разбирање и добро завршена работа и тоа важи за секоја сфера од животот.


Ако фризерката не ве сослушува внимателно, не е во согласност со вашето мислење, не обрнува внимание на она што сакате да го направи со вашата коса, тогаш размислете добро дали да се враќате повторно во салонот. Ако ве тера секогаш да се чувствувате непријатно, постојано ве распрашува за разни работи, зошто не се шишате почесто, зошто сте ја оставиле бојата на косата да избледи толку iитн, не се мислите – напуштете ја.

Не дозволувајте да ве натера да се чувствувате виновни од фактот дека не користите козметика вредна десетици евра, ниту дека немате можност да се шишате на секои 30 дена. Редовните муштерики понекогаш треба да имаат право од попусти. Замислете вашата физерка наредниот пат во салонот да ви наплати повеќе. Тоа навистина може да ве иритира. На крај на краиштата не е само таа која знае да шиша.


Доколку сериозно овој нејзин потег ве навреди, имате право да си најдете нова фризерка. Секој пат кога и велите да ви ги потстриже само врвовите, таа ве крати многу повеќе. Ако побарате објаснување, ви одговара дека вашата коса не е во добра состојба. Дури и да е така, вие сте оние кои решаваат точно со колку коса сакате да се разделите.

Во случај дека да се случи повеќе од еднаш, време е да ја смените фризерката.