Знакот дека му се допаѓате на најдобриот пријател на вашиот дечко



Односите со вашиот дечко може да станат прилично тешки, ако меѓу вас на некој начин застане неговиот најдобар пријател. Најмногу непријатно би било ако тој е тајно вљубен во вас. Еве и неколку знаци дека тоа е токму така:


1. Тој се ‘сака да прави нешто со вас

Без разлика дали сте на работа, во клуб или на факултет, овој човек постојано сака да ве придружува или да се закачува со вас.


2. Тој ве иритира

Дури и малите девојчиња разбираат дека момчето што ги иритира или кубе, се интересира за нив.

3. Тој зјапа потајно во вас


Ако човекот тајно зјапа во вас и тоа доста често, се е јасно – тој ве обожава. Истото може да се каже и ако гледа да застане што е можно поблиску до вас, да седне до вас итн …

4. Тој ја сака вашата помош

Ако овој човек се чуди за каква услуга да ве замоли, тука се крие нешто… Најверојатно тој е вљубен во вас и очајно ја бара вашата близина, па веројатно не може да измисли ништо оригинално!

5. Тој навистина ве слуша

Ако овој човек го знае твојот роденден, забележува кога сте со нова облека или фризура, ги знае вашите вкусови, без сомнение – тој ве сака.

6. Сака да ве насмевнува

Вљубените мажи сакаат кога девојката се смее, бидејќи ја обожаваат нејзината насмевка. Освен тоа така тие знаат дека ја прават среќна.

7. Тој се однесува како ваш заштитник

Ако овој човек ви се допаѓа повеќе од нормалното, тој ќе сака да ве брани, што и да значи тоа. Тој ќе ја брани вашата чест, ќе се однесува како ваш витез, ќе ве испраќа, ќе го чува вашето достоинство итн!