Знаете ли која е оваа жена со тажен поглед во празнина и две торби во кои е собран цел живот?



Можеби на прв поглед не ви се допаѓа фотографијата што ја гледате и се прашувате зошто ли ја објавив, но пораката што ја праќа е вредна за внимание.


Оваа жена што ја гледате не е бескуќник сокриен на скали, со тажен поглед во празнина и две торби во кои е собран целиот живот.

На фотографијата е поранешната претседателка на Финска, Тарја Холонен, а направена е во рамки на рекламна кампања за финската Армија за спас.


Со ова, сака да прати порака до народот дека лоша среќа може да дојде кај секого и преку ноќ да промени се’. Несреќа, болест, невработеност, нечија ненадејна смрт се само некои од причините што силно можат да влијаат врз нашиот живот на несакан начин, па дури и да го уништат.

„Ова може да му се случи секому. И јас можев да бидам просјак, но ете сум имала среќа. Денеска сум претседател, но навистина сочувствувам со сите кои немале среќа во животот. Многу е важно да имаме емпатија кон овие луѓе и да им помогнеме кога тоа им е потребно. Хуманоста и доблеста треба да се дел од секој наш ден“ изјави тогаш Холонен.


Инаку, фотографијата е направена во една уличка во Хелсинки, во близина на домот на претседателката. Се потрудиле да го направат тоа во мал простор без да навлечат многу љубопитни погледи, иако како велат, неколкумина се прашувале која е оваа бездомничка што личи на претседателката.

Тарја била претседателка на Финска од 2000 до 2012 година.