Знаеш, се чудев додека ти создаваше ноќе, се’ додека зглобот на раката не те заболи, се’ додека не побели



Да му се сневиди Исаковски ..
Не научив !..Не научив да пишувам кирилица .Во мојот ракопис , буквите заглавија низ прстите на безумието што живее денес. Во страниците на секојдневието, вокабуларот се скрива во немите зборови .Се повеќе тишини живеат дење и урлаат ноќе ..
Знаеш ,…Се чудев додека Ти создаваше ноќе , се’ додека зглобот на раката не те заболи , се’ додека не побели .
Слушав блуз , и гледав чашка коњак пред тебе, додека ги впивав зборовите кои ти ријат низ џигерот.
Се прашував тогаш :
-Што до толку ја стега душата , да му се сневиди , што мачи , што притиска ?…
Не знаев дека те копачат со комплименти , оние на кои слепо им веруваш, додека во тебе спие ѕверот кој го до создаваа , жедни за неспокој и плач , жедни за немир ..
Не знаеја поинаку , не знаеја , проклето нека е ..
Да навлезат длабоко во душата , не знаеја да милуваат , не знаеја да сакаат , не знаеја да бидат Љубов ..
Мислиш сега поинаку ли е ?
Мислиш се промени нешто ?
Не Исаковски ! НЕ !
Не ќе научат никогаш да опсујат сочно, не ќе научат никогаш да сакаат страсно , ..
Вокабуларот им се лигави низ прстите , додека се обидуваат да склапчат нешто набрзина .
Не знаат Исаковски ! ..Не знаат проклето нека е !
Да ја откопчат кошулата на животот да навлезат длабоко и да ријат до безсознание по човекот , да ја отворат заборавената школка на животот .
Не знаат да ја отплеткаат косата , која како грива сјае на сонцето ..
Ти се ослободи од додворувачките зборови , а со вокабуларот ме ишамари мене ..
Зошто бре човеку , не те послушав ..
Спиј спокојно, додека јас се обидувам да ги составам денот и ноќта , да ги составам иглата и конецот и да го крпам животот ..
Додека ме копачат со комплименти …


Автор: Оливера Ширговска…13.10.2021