Животна битка: Со внесување на една овошка го победила ракот



Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на лекарите за стандардно медицинско лекување на канцерот, и кои со почнување на некаков систем на исхрана успеале повторно да бидат здрави. Еден од тие позитивни и охрабрувачки примери е млада жена од САД…
Кендис Мари Фокс (31) ,поранешен модел, била „скршена“ кога лекарите и рекле дека поради ракот на тероидната жлезда, кој се проширил и на другите органи, според нивните проценки и останале уште само пет години живот.
Сепак младата жена одбила да оди на хемотерапија и наместо тоа секој ден јадела по три ананаса. Во својата прехрана внела и грепфрут, лимон, папаја, јаболки, киви и банани. Ги јадела свежи но и како смути. Освен тоа, во текот на лекувањето, тврди дека не внела никакви животински продукти.
Во рок од шест месеци ракот во четвртата фаза речиси исчезнал, а лекарите и потврдиле дека е целосно излекувана од ракот.
„Се ослободив од ракот така што го изгладнував. Дознав дека бромеланот од ананазот, кивите и папајата го уништува протеинскиот слој на ракот. Протените од животинските производи го хранат ракот, а кога јадам големи оброци мојата енергија се усмерува на варењето на храната, па телото не може да се лекува, вели таа.
„Јадев по малку овошје, го изгладнував ракот, па така за шест месеци се ослободив од ракот. Повеќе немам карцином и многу сум благодарна поради тоа“, вели младата жена.


На тестот за тироглобулин – протеин произведен од клетките со канцер – докторите откриле дека нејзините нивоа од 13,0 дошле на 0,7 нанограми за миилитар.