
„Живеам во држава каде црквата не го одобрува абортусот, освен ако не се работи за абортус на калуѓерка. Живеам во држава каде црквата не ја одобрува ни хомосексуалноста надвор од неа. Живеам во држава каде политичарите ми кажуваа дека треба да имам многудетно семејство за да се зголеми наталитетот на македонците. Не ми се мешајте во меѓуножјето. Тука само јас одлучувам. Живеам во држава каде самохраната мајка е курва и распуштеница, а самохраниот татко е херој. Каде мераклика означува промискуитетност и срам, а мераклија е врвен комплимент. Живеам во држава каде сум послаб пол затоа што имам јајници, а не јајца. Каде што овој мој вулгарен речник ќе ви забоде очи затоа што сум женско и треба да сум културна и фина.
Продолжува на следната страна:
Страни: 1 2