Женското неверство ја зголемува потенцијата на мажот?



Колку и напред во развојот на општеството да одиме, каква технологија да се појави, односите меѓу мажите и жените секогаш ќе се диктираат од примарната цел – да продолжиме со животот.


И ако за некои од овие теории сме слушнале веќе, еве една сосема нова теза за врската помеѓу женските изневери и машката потенција.

Истражувањето е дел од книгата “Апетитот за секс” на Кристофер Рајан и Касилда Џет.


Еве за што станува збор:

Тим од научници посакале да разберат, што е причина мажите толку да сакаат да гледаат клипови со групен секс, во кој една жена „ужива во вниманието” на многу мажи.

Од еволутивна гледна точка би требало мажите да не сакаат да се соочат со никаква конкуренција и да преферираат кадри во кои тие се единствените владетели на женското внимание.

На овој начин еволуцијата си осигура дека тоа е најдобриот, најсилниот, најпаметниот и воопшто најсовршениот маж.

Кога пред нивните очи има само жени, тие се чувствуваат сигурни за продолжување на родот и сперматозоидите не им се во најдобра состојба.

Слични се резултатите и во секојдневна ситуација. Овој интересен факт се објаснува токму со желбата на мажот токму тој да го даде својот генетски материјал на жената и така да продолжи со животот.

Не сакаме да ве мотивираме да изневерувате само и само да ја подобрите потенцијата на мажот. Ова се само љубопитни факти објавени во книгата “Апетитот за секс” на Кристофер Рајан и Касилда Џет.