Жените насекаде во светот се посветени на фитнес програми, со кои ќе може да покажат голем и стегнат задник, а некои ѕвезди кои не се надарени од природата, како Џенифер Лопез, се решаваат тоа да го постигнат со импланти, како Ники Минаж, Иги Азалеја и Ким Кардашијан.
Изненадувачки, големиот задник не само што изгледа добро, но може да е поврзано и со други предности за тебе.
Според едно истражување од Оксфордскиот универзитет, во кое учествувале 16 000 жени, жените со поголеми задници од просечно се поинтелигентни и непопустливи кон хронични болести.
Научникот кој ја открил оваа необична поврзаност, е Константинос Манолополус. Тој вели:
“Перцепцијата дека распределбата на масното ткиво е поврзана со здравјето, и е позната некое време. Но, дури од неодамна акумулација на масти главно во колковите и задникот се сметаат за позитивни за здравјето, а масното ткиво во долниот дел од телото е корисен сам по себе. ”
Според истражувањето жените со поголеми задници имаат пониски нивоа на холестерол и гликоза, и имаат повисоки нивоа на омега 3 масни киселини, кои се поврзани со развојот на мозокот.
Со големиот задник доаѓаат и повисоките нивоа на хормонот лептин, кој помага во регулирањето на телесната тежина, и хормонот динопектин носи придобивки за срцето и има антиинфламаторно дејство.
Изгледа дека големиот задник има и неочекувани бенефиции.