Според студија, жените фаќаат чекор пред мажите, а во некои области и ги надминуваат во други.
Просечно, жените се подобри од мажите во т.н. епизодната меморија, во сеќавањето и опишувањето на преживеани случки или факти, додека предноста на мажите пред жените во компјутерските способности, е намалена до одреден степен. Резултатите се изведени од големи истражувања спроведени во 13 европски држави, објави huffington post.
Коавторот на студијата Агнета Херлиц, психолог во Каролинскиот институт во Швајцарија тврди дека со подобрувањето на условите за живот, се засилуваат и когнитивните способности на луѓето. Но, истражувањето покажува дека кај жените овие способности се развиваат многу подобро отколку кај мажите.
Истражувањата покажуваат разлики во когнитивните способности кај мажите и жените. Десетици студии утврдиле дека мажите можат подобро да вртат објекти во нивните умови, а жените се справуваат подобро со задачите поврзани со епизодната меморија – да се потсетат на листи со зборови, објекти и друго.
Студија објавена во 2013 година, покажа дека мозоците на мажите и жените се поврзани на многу поинаков начин. Мозокот на жената има повеќе врски меѓу хемисферата, додека кај мажите врските се повеќе во хемисферата.
Мажите ги надминуваат жените во прашањата по математика во сите региони, иако маргините се стеснуваат со текот на времето.