Голем број жени сметаат дека откако ќе наполнат 30 години, стануваат помалку привлечни за мажите, но вистината е дека по 30-тата година од животот понежниот пол зрее сексуално.
Многумина претставници на посилниот пол мислат дека младите жени се добри љубовници, но новата студија покажа дека дамите во зрела возраст се посигурни во својата сексуалност. Тие се свесни за квалитетите и желбите и полесно се помируваат со некои физички недостатоци.
Исто така слабите манекенки на телевизија не ги комплексират, бидејќи жените над 30 години се чувствуваат удобно во својата кожа. Ова се должи на фактот дека веќе се навикнати на телото, иако не е совршено и имаат повисока самодоверба за женственоста и сексуалноста.
Во позрелата фаза од животот тие зад себе оставиле неколку сексуални партнери и знаејќи го ова, тие можат полесно да ги задоволат сопствените потреби и фантазии во интимните моменти.
Повеќе зрелите жени се издвојуваат од младите со вештини за да комуницираат со партнерот не само за работата и забавата, но и за сексот и односите, што често е проблем кај паровите.
Авторите на студијата објаснуваат дека сексот за жените во 30-тите години веќе не е докажување, туку уживање.
Изгледот не е единствениот услов за привлечност, бидејќи со годините жените натрупуваат професионални и лични успеси и го привлекуваат спротивниот пол во сосема нов контекст.