Жените кои го променија сексот



Александра Фајн и Џенет Либерман се две млади девојки кои живеат во Бруклин. И двете имаат дваесет и неколку години, а она што ги прави посебни, е начинот на кој се обидуваат да го поддржат и развијат женскиот оргазам.

Со долгогодишно искуство во сексуалната терапија и инженерство и со поддршка на водечката американска компанија за производство на секс играчки, тие се зафаќаат со тешка задача да го измислат првиот иновативен вибратор, чија посебна улога во љубовната игра е стимулацијата на клиторисот.

И така се раѓа идејата за … Ева.

Но, што точно претставува апаратот „Ева” и на каков начин помага на женското задоволство?

„Кога ќе се погледне во длабочина во сексуалноста на луѓето, ќе видите огромен јаз помеѓу начинот на кој мажите и жените добиваат задоволство”, раскажува Александра Фајн која има диплома по клиничка психологија и секс терапија од Универзитетот Колумбија.

„Многу поверојатно е една жена да не го наоѓа сексот за толку пријатен колку еден маж. Според Центарот за сексуално здравје, само 64% од жените изјавиле дека имале оргазам во последниот сексуален чин”, дополнува Фајн.

Двете девојки овој парадокс го нарекуваат „разликата на задоволството” и се надеваат нивниот производ да помогне во решавањето на проблемот. Според истражувањата на двете млади дами, оваа разлика помеѓу половите се должи на недостатокот на стимулација на клиторисот за време на сексуалниот чин.

Според Институтот Кинси, до 70 отсто од жените имаат потреба од стимулација на клиторисот. Но, истражувањата покажуваат дека давањето на таква стимулација за време на секс често е непријатно, заморно, или има негативен ефект врз еден или двајцата партнери.

„Ева” е доста различен и неконвенционален апарат. За да се користи, тој мора да се стави меѓу срамните усни и да се остави вклучен за време на сексот за директна стимулација на клиторисот.

„Сакав да се даде можност на жените да уживаат во сексот преку создавање на производ кој не е наметлив, па партнерот да не се чувствува непотребен”, додава уште Фајн, додавајќи дека намерно „Ева” нема форма на машки полов орган како што некои мажи се чувствуваат загрозени од секс играчките во спалната соба.

Производот е умно дизајниран од бизнис партнерот на Александра – Џенет, која учи во престижен американски универзитет и е носител на наградата „Млад машински инженер”.

grafikon

Досега 30 жени го тестирале производот, и повеќето од нив дале позитивни критики. Графиконот, покажува колку проценти од жените имаат потреба од дополнителна стимулација на клиторисот за време на чинот.

„Оргазмите и сексот се едни од најубавите искуства кои ги имаме како луѓе”, вели Фајн. „Тоа не прави среќни, го намалува стресот, намалува инфаркт. Тоа е неверојатно. Жените треба да бидат во можност да уживаат максимално во ова блажено чувство”, додава таа.