Жените имаат потреба од повеќе сон отколку мажите, бидејќи мозокот им е посложен



“Мозокот на жените е зафатен со многу повеќе задачи во текот на денот”, објаснуваат научниците. “Една од главните функции на сонот е да му помогне во обновата на мозокот”, вели проф. Џим Хорн, директор на центарот за истражување на сонови на Loughborough University. “Колку повеќе од својот мозок го користите во текот на денот, толку поголема потреба од сон имате.

Мозокот на жените работи на принципот на “мултитаскинг”, односно врши многу задачи истовремено. Во таа смисла, тие го користат мозокот, поинтензивно од мажите. И затоа им треба повеќе сон.

Се разбира, мажите, чија работа е поврзана со донесувањето на одлуки (обично при високи позиции), исто така, имаат поголема потреба од сон од просечен маж. И покрај тоа немаат толку голема потреба, колку жените”, резимира Хорн.