Жената без маж е дама, а мажот без жена е изгубен случај …



Учете ги своите ќерки да бидат жени кои кога одат по улица земјата ќе се тресе од нив. Не им купувајте играчки розеви шпорети и тавчиња, купувајте им книги. Терајте ги да читаат, да учат, да бидат информирани за многу работи, за кога ќе седнат на маса со мажи освен со убавина да ги освојат и со интелект, со знаење. Почитувајте ги нивните ставови, желби, соништа.


Не ги запирајте, бидете испружената дланка која ќе им помогне да се исправат ако случајно по патот до целта паднат или се предомислуваат. Да знаат дека имањето на свој став и искажувањето на истиот не значи дрскост туку храброст. Да бидат доволно храбри да го зграбат од животот она што го сакаат и фактот што се жени да им биде предност и гордост, а не хендикеп.
Научете ги сами да молерисуваат, да паркираат, да научат да ракуваат со оружје.

Терајте ги да шетаат, да патуваат, да се научат да се снаоѓаат и сами кога нема никој до нив за да им помогне. Запишувајте ги на курсеви за странски јазици, а не да ги учите дома да везат, плетат и готват оти треба да се омажат еден ден.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2