Сите оние кои се во врска или во брак сакаат да ја знаат тајната како да ја одржат страста и добриот однос со партнерот. Жена и мајка која постојано ја прашувале за тајната за успешен брак е Ники Пенигтон. Со својот сопруг се заедно тринаесет години, од кои единаесет години се во брак.
Обично се насмевнувам кога ќе ме прашаат. Ги знам типичните одговори на паровите кои ги следат правилата како што се “не одете во кревет налутени” или “секогаш кажувај му дека го сакаш кога излегува”. Дали знаете колку пати во текот на овие единаесет години мојот сопруг спиел на каучот, пред да се родат децата, само поради тоа што сме биле лути? Дали знаете колку пати заминал без да ни каже “те сакам”, поради децата и животот? ја започнува својата приказна Ники Пенигтон.
Продолжува на следната страна:
Неговиот начин да ми каже те сакам е што некогаш наутро ми дозволува да спијам до покасно, тој заминува на работа, а ги остава сите да спијат.
Ние ги прекршивме “сите тајни” за среќен брак. Тајната за долготраен брак е дека нема никаква тајна.
Стануваш и се обидуваш од почеток и од почеток, така секој ден. Тоа е полесно кога сте млади и живеете на замрзната и брза храна, бидејќи тоа можете да си дозволите.
Тоа е останување будни цела вечер со вашето прво новородено бебе, со солзи во очите бидејќи и двајцата сте преморени и преплашени, но сте заедно во тоа. Тоа е броење денари кога сте млади за да можете да изградите заедничка иднина за вашето семејство.
Тоа е да знаете дека ништо нема да излезе совршено, дека бракот нема да ви биде совршен како на филм – тоа не е вистински живот. Се работи за тоа колку препреки ќе ви донесе животот, но ќе се погледнете и знаете дека не сте сами. Ќе знаете дека го имате најдобриот пријател покрај вас. Се работи за сознание дека никогаш неможете да бидете подготвени за теретот кој ќе го носите за вашиот партнер, но едноставно знаете дека сте желни да го превземете теретот кога ќе му треба одмор.
Само обидувајте се секој ден и никогаш не престанувајте. Ако запирате нема да успеете, тоа е единствената работа која не е тајна, заклучила Ники чиј статус е споделен повеќе од 130.000 пати на Facebook.