Не си разбрал пријателе,
Жена не остава, поради големи работи или превара.
Не си оди поради една голема грешка. Туку поради многу ситници кои не си ги разбрал. Те оставила затоа што последен пат си и изразил љубов на нејзиниот роденден.
Те оставила затоа што и била потребна гушка кога ќе си дојдеш од работа, ја чекала цел ден таа гушка, а ти не си ја гушнал, па премолчела.
Те оставила затоа што очекувала нежност кога ја осетила суровоста на светот.
Те оставила затоа што не си ја бакнал за добро утро, а ти кажала дека тоа и значи. Стално ти кажувала, но престанала да кажува и премолчела.
Те оставила затоа што не си ја подржувал во нејзините “луди” намери, а и било важно.
Те оставила затоа што сакала да бидеш само маж и да има заштита, а ти тоа не си можел.
Те оставила поради тоа што не си бил спремен да бидеш човек покрај кого нема да се плаши.
Жена не си оди преку ноќ.
Неа ситници и значат
Извор: Текстот е на Кристина Постолова а превземен од Фејсбук страната Луда Куќа