Како со фенг шуи да дојдете до поголем успех



Компјутерот е дел од секојдневниот живот на повеќето од вас. Бидејќи тој генерира моќна енергија, вие можете да го користите овој голем енергетски проток и да го одведете во посакуваната насока. Врз бирото до компјутерот, ставете некакви мали обоени објекти, а пожелно е да бидат во сина, црвена и портокалова боја.


Специјалистите за фенг шуи советуваат да се избираат сиви падови за глувци и да се позиционираат во средината на масата. Мала саксија со зелено растение можете да ставите во левиот агол на бирото, така ќе се спасите од негативните мисли. Убаво е до вас секогаш да има чаша со свежа вода. Кога чашата стои од десната страна, таа ги стимулира вашите креативни способности, а кога е од лево зачекорува кон знаењето и желбата за учење.

Не е лоша идејата во близина да имате фотографија со своите најблиски. Визит картите и телефонските именици ставајте ги оддесно или во средината, така ќе ги зголемите вашите шанси за успех. Не го игнорирајте местото на телефонот. Тој мора секогаш да ви е оддесно, ако сте повеќе активни со десната рака.


Не стојте со лицето кон ѕидот. Добра идеја е бирото да ви гледа кон прозорецот, ако тоа сепак не е можно, можете да ставите огледало блиско до себе, кое ќе биде насочено нанадвор.