
Според извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ), ниту една држава во светот не го достигнала нивото на целосна рамноправност меѓу половите.
Но, додека во некои земји нееднаквоста е поднослива, во други, жените живеат во услови на екстремна неправда, без пристап до образование, политички права и дури адекватни здравствени услуги.
Извештајот Global Gender Gap Report на СЕФ ја мери родовата еднаквост во 142 земји во светот. Според извештајот најлош е животот на жените во Јемен.
Во Чад, на пример, само 55% од девојките на училишна возраст одат на училиште. Во Мали само 25% од жените се писмени, во однос на 43% од мажите. Во Сирија работната сила се состои од 74% мажи и само 14% жени.
Еве кои се ТОП 10:
10. Мароко – Сооднос на приходи жени во однос на мажите: 0.28% жени меѓу вработените:
27% Писменост (жени / мажи): 58% жени, 76% мажи
17% од вработените жени заработуваат во просек 3 133 долари годишно, наспроти 11 000 долари за мажите.
58% од жените се неписмени.
9. Јордан – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите: 0.18% жени меѓу вработените:
16% Писменост (жени и мажи): 97% жени и 98% мажи
% на жени во парламентот: 12%
8. Либан – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите: 0.27 % жени меѓу вработените:
26% Писменост (жени и мажи): 86% од жените и 93% од мажите%
жени во парламентот: само 3% од пратениците се жени. Нема ниту една жена министер. Human Rights Watch алармираа за високи нивоа на семејно насилство над жените.
7. Брегот на Слоновата Коска – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите: 0,49% жени меѓу вработените: 53%
Писменост (жени и мажи): 30% за жените и 52% за мажите% жени во парламентот: 9% Само 56% од девојките на возраст за основно училиште посетуваат настава. Во повисоките класи процентот паѓа до 14%.
6. Иран – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите: 0.17% жени меѓу вработените: 17% Писменост (жени и мажи): 79% жени и 89% мажи
% жени во парламентот: 3%
Жените кои работат, заработуваат во просек 4 656 долари годима, а мажите – 26 644 долари.
5. Мали – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите: 0.41% жени меѓу вработените:
Писменост (жени и мажи): 25% од жените и 43% од мажите
% жени во парламентот: 10%
Просечната должина на животот на жените тука е меѓу најниските во светот – 48 години.
4. Сирија- Сооднос на приходи на жените во однос на мажите : нема податоци
% жени меѓу вработените: 14%
Писменост (жени и мажи): 79% од жените и 91% од мажите
% жени во парламентот: 12%
3. Чад – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите : 0.62% жени меѓу вработените: 65%
Писменост (жени и мажи): 28% од жените и 47% од мажите%
жени во парламентот: 15%
2. Пакистан – Сооднос на приходи жени однос мажи: 0.18% жени меѓу вработените: 25 %
Писменост (жени и мажи): 42% за жените и 67% за мажите
% жени во парламентот: 21%
Само 61% од девојчињата на возраст за основно училиште посетуваат такво. Гимназија посетуваат едвај 31% од девојките на таа возраст.
1. Јемен – Сооднос на приходи на жените во однос на мажите : 0.28% жени меѓу вработените: 26%
Писменост (жени и мажи): 50% од жените и 83% од мажите
% жени во парламентот: 0%
Дури половина од жените во земјата можат да читаат , наспроти 83% од мажите. Мажењето меѓу децата е голем проблем. Според Human Rights Watch во 2006 година, околу 52% од во Јемен биле мажени пред да наполнат 18 години, а 14% биле мажени пред да наполнат 15 години.