Земете кројачки метар во раце и проверете колку долго ќе живеете



Жена, висока 1.60 м би требало да има обем на половината од 80 сантиметри. Колку обемот на половината е поголем во однос на висината, толку се намалува должината на животот.


Научниците собрале податоци од точно 300 000 луѓе, преку кои дошле до заклучок дека обемот на половината би требало да изнесува половина од висината на човекот.

Маж, висок 180 см би требало да има обем на половината од околу 90 сантиметри, а жена висока 160 сантиметри, би требало да има половина од околу 80 сантиметри.


Таков обем на половината покажува дека шансите за заболување на кардиоваскуларниот систем се помали, бидејќи наталожените масти во областа на стомакот го зголемуваат ризикот од срцев удар и зголемен крвен притисок.

Како што истакнуваат истражувачите, доволни се 15 см поголема половина од просечната, за да се намалат 2 години од животот.