Здравствен хороскоп за знакот Лав во 2015 година



Претставниците на хороскопскиот знак Лав ќе се радуваат на добро здравје во 2015 година. Вашето добро расположение и топлина отвора пат за вашето добро ментално здравје.

Во првата половина на 2015 година, претставниците на хороскопскиот знак Лав ќе се радуваат на добро здравје. Но, постарите и болни луѓе, особено од кардиоваскуларни болести, не треба да се преуморуваат или да се оптоваруваат емоционално. Јупитер како планета на растот и екстензијата, додека е во Лав може кај болни и стари лица да доведе до зголемување на крвниот притисок, срцево чукање, артериска аневризма, итн. Не смее да се претерува со алкохолот и храната. За Лавот покритични можат да бидат месеците август и почетокот на септември, предупредува Марго Паскалева, која секојдневно ги објавува своите астролошки совети на сајтот astroamor.wordpress.com.

Освен тоа добро е да помислите за занимавање со јога или медитација во почетокот на годината, за да си помогнете за полесно справување со проблеми во животот, кога работите во него станат подинамични.

Нека претставниците на знакот Лав продолжат со здравите навики за јадење, кои ги одбрале минатата година. Треба да се размислува и за спортот, ако уште не сте почнале со вежбање.

Останете оптимист за претстојните промени во вашиот живот. Иако претставниците на знакот Лав ќе се гордеат со доброто здравје во 2015 година, не смеат со лесна рака да ги одминуваат опасностите при епидемии – грип, Ебола, и треба да земаат превентивни мерки.

Оние лавови кои имаат проблематични кардиоваскуларни состојби, треба многу внимателно да се грижат за своето здравје и да ја избегнуваат преоптовареноста со работата и стресот. Дури и малите скокови на крвниот притисок треба да се сигнал дека е време да одите на кардиолог и строго да се следат неговите препораки. Видот може одеднаш да се влоши поради голема работа.

Во 2015 година многу од Лавовите ќе треба да посетат стоматолог. Редовните прегледи ќе ви помогнат да се избегнат комплексните реконструктивни процедури, стоматолошките операции и забни протези. Запомнете дека никој друг нема да се погрижи за здравјето, освен самите Вие.

Во периодот 16 март – 4 август не се препорачуваат никакви стоматолошки интервенции, предупредува gotohoroscope.com.

Нека претставниците на знакот Лав посветат особено внимание на здравјето и во следните периоди на 2015 година:

13 јануари – 20 февруари:

Во овој период веројатноста од повреди и несреќи на работното место е доста висока. Во текот на овој временски период на време треба да го зајакнете имунолошкиот систем, бидејќи ризикот од заразување со вирусот станува се поголем. Препорачливо е да не се планираат операции во овој период, бидејќи тие можат да претставуваат реална опасност за здравјето.

25 јуни – 8 август:

Во овој период треба да се посвети посебно внимание на дигестивниот систем. Веројатноста од влошување на психосоматска состојба е доста висока поради стрес и исцрпеност. Постои и ризик од појава на труење со храна – квалитетот на исхраната треба да е повисок за време на овој период. Обидете се да се држиме до здрава исхрана.

13 ноември – до крајот на 2015 г .:

Во овој период треба да го пазите уринарниот тракт, бидејќи ризикот од развој на инфективни воспалителни болести таму е висок.