Здравиот секс за една ноќ



Случајниот секс добива се повеќе приврзаници и се практикува од двојно повеќе современи луѓе во споредба со генерацијата на нивните родители.


За смирување на љубителите на сексот за една ноќ резултатите од новото истражување покажуваат дека тој е корисен за здравјето, пишува во “Дејли стар”.

Истражување на специјалистите од Универзитетот “Корнел” и Њујоршкиот универзитет, направено меѓу 321 студенти, покажува дека сексот за една ноќ ја подобрува самодовербата, особено кај луѓето кои се склони кон флертови без обврзување.


Повремените сексуални контакти не само што ги прават поединците посигурни, но и кај нив се забележуваат намалени нивоа на анксиозност и депресија.

Целта на авторите на оваа студија беше да се побие масовната идеја дека сексот за една ноќ ги тера луѓето да се чувствуваат нечесни.


И сепак секогаш кога луѓето имаат секс, особено со човек кого не го познаваат добро, задолжително треба да преземат мерки против половопредавани болести.