Сакате вкусни и здрави мини-оброци кои нема да ја загрозат вашата линија? Погледнете ги нашите предлози за комбинации на храна кои содржат до 100 калории:
Бадеми
Кога ќе добиете „напад“ на глад, запомнете дека можете да изедете до 14 бадеми без да ја надминете границата од 100 калории. Освен тоа, тие се богати со влакна и протеини, кои ќе ве држат сити. Заситени масти: 0.63 g Натриум: 0 mg Холестерол: 0 mg
Интегрални грисини
За оние кои не се баш љубители на јаткасти оброци, добар предлог е да изедат 6 интегрални грисини. Овој мини оброк исто така содржи под 100 калории (~96) и е добар за оние кои се постојано во движење. Заситени масти: 0.4 g Натриум: 257 mg Холестерол: 0 mg
Печено јаболко
Јаболките се едно од најздравите овошја, а постојат и многу различни начини како тие може да се приготват. 1xbet login. Печените јаболка (95 калории) се како десерт, со таа разлика што содржат витамини и влакна. При печењето не ги губат овие вредности. Добра идеја е ги посипете со цимет. Заситени масти: 0 g Натриум: 2 mg Холестерол: 0 mg
Шејк од боровинки
Шејкот од боровинки (~93 калории) ќе ви обезбеди доволни количини на калциум и антиоксиданти за во текот на денот. Ставете во блендер 1/3 шолја боровинки и 2/3 шолја обезмастен јогурт, а пото а по желба додадете издробен мраз. Заситени масти: 0 g Натриум: 59 mg Холестерол: 2 mg
Јогурт со сончоглед
Истурете 2 супени лажици сончогледови зрна во една шолја обезмастен јогурт и ќе добиете оброк од само 88 калории. Јогуртот е добар извор на протеини, а доколку внимавате на количеството на сол што го внесувате, ставете непосолени сончогледови зрна. Заситени масти: 0.26 g Натриум: 0 mg Холестерол: 0 mg