Еден од најважните фактори едно дете да биде здраво и правилно да се развива е начинот на кој се храни. Само користењето на здрава храна и консумирање на природни состојки се гаранција дека детето ќе биде имуно на различни болести. Разновидната храна, подготвена дома, богата со витамини и минерали, треба да биде застапена во речиси секој оброк
Овошје
Нутриционистите велат дека ниту еден ден не смее да помине, а во исхраната на детето да не бидат застапени барем три вида различно овошје. Најдобро е да се консумира сезонското овошје, бидејќи овошките се полни со витамини, минерали и антиоксиданси. Доколку детето не сака да јаде овошје, може од неколку овошки д направите сок, но без додавање на вештачки засладувачи.
Мешунки
Мешункастите растенија спаѓаат во групата производи кои треба да бидат застапени повеќе од три пати неделно. Благодарение на витамините и минералите кои ги содржат, не дозволуваат кај децата да се развијат тумори, го балансираат шеќерот, ја намалуваат можноста од екстремно дебелеење и ја олеснуваат работата на цревата. Доколку детето одбива да ги јаде, тогаш обидете се со интересни декорации на нивните чинии.
Зеленчук
Зеленчукот е извор на енергија која му е неопходна на детето за неговиот раст и развој. Витамините А,Б, Ц и Е како и минералите ги има во секој зеленчук, затоа јадете го секој ден, по можност свеж.