Здрава исхрана + физичка активност



Се среќаваат две пријателки и едната изненадена од намалените килограми на другата, ја прашува како успеала за толку кратко време толку многу да ослаби. Другата на тоа и одговара: "Па, знаеш, малку морковче, малку компирче, брокулче" Првата продолжува: "А, што им правиш, ги вариш, ги печеш?" Втората одговара: "Не бе, ги копам" 😀 Драги дами, иако ова беше само еден виц кој се надеваме предизвика насмевка на вашето лице, сепак во него се крие целата мудрост за убаво, здраво и витко тело. Наједноставно, рецептот е здрава исхрана + физичка активност!




Што подразбираме под здрава исхрана? Здрава исхрана и физичка активност Здрава исхрана претставува начин на исхрана или диета која почитува одреден сооднес на состојките кои дневно треба да се внесат во организмот.

Пред да дојдеме до соодносот, прво да разјасниме нивниот хемиски состав кој може да го поделиме во неколку групи. Тука спаѓаат: јаглехидратите, протеините,  мастите кои можат да бидат заситени и незаситени, витамините, минералите и растителните влакна.


Конзумирањето исклучиво само на една од групите не е пожелно бидејќи организмот за да правилно ја остварува својата функција, односно преку храната да не снабдува со енергија и материи за здраво функционирање, мора дневно да ги има сите наведени состојки, но во различен сооднос.  

Нутриционистите отсекогаш се обидувале да го воспостават тој сооднос, а за да е прифатлив и полесно разбирлив за пошироката маса, смислувале и негово симболично претставување. Со години тоа била Пирамидата за здрава исхрана, а во последно време нејзиното место го презема Чинијата за здрава исхрана.


Здрава исхрана и физичка активностСепак, и пирамидата е сеуште актуелна, но таа е ревидирана запазувајќи некои работи што порано не се земале предвид, како поделбата на заситени и незаситени масти, разликата меѓу преработени и цели зрна и ставањето акцент на физичката активност.

Така школата за јавно здравство при Харвард универзитетот објавува пирамида за здрава исхрана која се разликува од претходната лобирана по мерка на земјоделството, млечната и месната индустрија. Еве кои се препораките на оваа пирамида за здрава исхрана, секако почнувајќи од нејзиното дно, односно од она што во најголема количина треба да се конзумира.

 

  •  голема количина на вода, дневна физичка активност и контрола на тежината
  • најмногу оброци со храна од цело зрно која вклучува овесни житарки, леб од цело зрно и кафеав ориз
  • растителни масла како маслиново, масло од канола, од соја, од пченка и од сончоглед
  • зеленчук во изобилие, минимум 3 парчиња
  • 2-3 парчиња овошје
  • 1-3 порции јаткасти, зрнести или мешункасти плодови
  • 1-2 порции млечни производи или млеко со помала масленост или пак некаков додаток за калциум
  • 1-2 порции пилешко месо или риба или пак 1 јајце
  • незначителна количина на бел ориз, бел леб, компир, тестенини и слатки
  • незначителна количина на црвено месо и путер
  • што е можно помала количина на сол и шеќер

Како што можете да забележите и Чинијата за здрава исхрана ги следи принципите на Пирамидата за здрава исхрана. За крај ви советувате да запазите каков е вашиот дневен сооднос на храната што ја конзумирате, а тоа најлесно може да го сторите со водење на дневник. Откако ќе дојдете до увид каде грешите, со помош на овие препораки се надеваме дека ќе знаете што треба да промените. Да не заборавиме, не сте лишени од ништо, треба само да внимавате на соодносот!