Здрава и заштитена кожа во првите сончеви денови!



Менувањето на годишните времиња го сигнализира и моментот на менување на секојдневната рутина на грижа за кожата. Со доаѓањето на летото, доаѓаат и повеќе топли денови, како и повеќе штетни сончеви зраци кои можат да ја оштетат вашата кожа ако навреме не обезбедите соодветна заштита. 


Во летните денови, најголемата дилема (и пропуст) околу негата на кожата доаѓа поради верувањето дека за да користиме заштита од сонце мора да престанеме со користење на дневна крема за лице. На кожата ѝ е потребна секојдневна нега, па затоа Eucerin најде совршено решение за оваа дилема! Eucerin производите за заштита од сонце се направени по специјална формула приспособена на сите типови кожа обезбедувајќи ефикасна заштита од штетните сончеви зраци. 

Широката понуда на Eucerin има се’ што би можело да ви биде потребно за вашата кожа да се чувствува здраво. Ако од производот за заштита од сонце истовремено очекувате да го изедначи вашиот тен, тогаш Eucerin Anti-Age тонираната крема е вистинскиот избор за вас. Додека, пак, сакате да ги ублажите знаците на стареење потребен ви е Anti-Age fluid, кој освен тоа што ќе ги анулира штетните ефекти од сончева светлина, ќе ги намали брчките и ќе ја направи кожата помазна. Ако водите борба против хиперпигментација, тогаш идеалниот производ за вас е Eucerin Pigment Control, а ако ви е потребна нега за мрсна кожа, тогаш одберете го Eucerin Oil Control.


 Еластичната и здрава кожа е првиот знак за добро здравје и токму затоа таа треба да се негува правилно. Летните денови знаат да ја направат грижата за кожата многу комплицирана, но затоа Eucerin SPF50+ се тука да ја поедностават истата. Тие ќе ја заштитат кожата од штетните сончеви влијанија и ќе ве опремат за долгите и пријатни прошетки надвор, кои во летото стануваат многу почести.