Здрав и вкусен десерт што се подготвува за неколку минути дома




Денес, здравата исхрана и избегнувањето на традиционалните слатки десерти стануваат сè поголем приоритет. Откривањето на нови начини да ги задоволиме желбите за нешто слатко, без компромис со квалитетот и нутритивната вредност, е вистинско богатство.

За среќа, можете да направите вкусен и хранлив сладолед во домашни услови, користејќи само неколку состојки и новата протеинска гранола од речиси секој супермаркет близу вас.


Домашниот сладолед е одличен начин да уживате во богат, кремаст десерт со додадена протеинска вредност. Овој рецепт е едноставен и брз, совршен за топлите летни денови или како здрава закуска после тренинг.

Како да го направите:


Состојки

400 г грчки јогурт

2 лажички путер од кикирики Виталиа

2 лажички мед Виталиа

5-6 лажици протеинска гранола Виталиа

https://www.instagram.com/p/C-uC5NZMlYY/

Рецепт од @DavesKitchen

Во сецко изблендирајте ги грчкиот јогурт, медот и путерот од кикирики, а потоа додајте ја протеинската гранола.

Промешајте и замрзнете околу 4 часа.

Сервирајте со екстра путер од кикирики и малку гранола.

Протеинската гранола е вистински погодок за оние кои се грижат за своето здравје и се физички активни. Богата со висококвалитетни протеини и природни состојки, таа е идеална како додаток на домашниот сладолед.