Без разлика дали ги сакате родителите или пак ги мразите, едно е сигурно – тие се вашите родители и вие не може да ги замените. Поголем дел од мајките и татковците ќе направат и ќе жртвуваат се во името на своето дете.
Многу пати строгите правила, всушност биле акт на љубов и грижа. И родителите, како и секој нормален човек дозволува грешки. Нема училиште за родители, а тие се обврзани да ве воспитаат и одгледуваат на најдобар начин.
Веројатно, после неколку години, веќе ќе сфатите дека во дадени ситуации вашите родители биле во право, иако тогаш воопшто да не сте ги разбирале. Многу пати нивната љубов и саможртвуваност остануваат потценети. Затоа е убаво родителите да ги слушаат зборовите „те сакам” колку може почесто од своите деца.
Ова е бесценетата благодарност, која може да се искаже кон нив. Ако сеуште се двоумите зошто е потребно да кажете на родителите дека ги сакате, еве ви неколку добри причини:
1. Не треба да мислите дека тие едноставно тоа го знаат – и дури да е така, сепак потсетете ги. Родителите ги сакаат нивните деца повеќе отколку децата што ги сакаат родителите. И токму затоа што вашите родители ве сакаат толку многу, тие копнеат да слушнат дека нивната љубов е заемна.
2. Вашите родители нема да се до вас вечно. Не испуштајте ја шансата да им го кажете. Кругот на животот востановил така што секој се раѓа и секој умира. Она што денес го земате здраво за готово, може да не постои по година, месец или дури ден. Затоа не треба да ја пропуштите можноста да кажете на своите родители, а и на сите ваши најблиски дека ги сакате. На крајот она што е важно е да натерате некого да се почувствува среќен и сакан.
3. Тоа е добро и за вас. „Те сакам” нема да го стопли само срцето на вашите родители, но и вашата сопствена душа. Прикажувањето и изговарањето љубов е позитивен процес, кој може да го направи животот на многу луѓе поубав и задоволувачки.
4. Однесувајте се со своите родители како што сакате вашите деца да се однесуваат со вас. Ако имате тешкотии во тоа да кажете на вашите родители дека ги сакате, веројатно нема да можете да го кажете и на своите деца. Соодветно и тие нема да се научат да го зборуваат тоа на вас. И можеби тогаш ќе сфатите дека овие два збора биле толку важни и дека секој родител има потреба да ги слуша од време на време. Бидете детето кое сакате да го имате во иднина.
5. Вие не знаете дури ни половина од тешкотиите низ кои вашите родители ги поминале заради вас. Од целосно давање, додека сте биле бебе, до непроспиени ноќи, висока температура – најверојатно вие не знаете ни половина од најтешките моменти низ кои поминале вашите родители заради вас. „Те сакам” е вашата награда за нив. Овие два збора ќе им покажат дека се си има цена и ќе ги направи многу среќни.