Збогум на темните кругови околу очите!




Убаво е да се има можност да се ревитализира изгледот на лицето по природен пат. Денес имаме решение кое не вклучува естетски зафати а значи голем чекор нанапред ако зборуваме за нега на кожата околу очите. Пределот под очите значи сјај и младост. Како резултат на својата посветеност на иновации Баерсдорф  го креираше својот најнов производ Еуцерин Anti-Pigment Dark Circle коректор кој е дел од анти-пигментната палета, а претставува визионерска нега која директно влијае на темните кругови околу очите.

Со спојот на моќни состојки, овој коректор содржи комбинација на Thiamidol и хијалуронска киселина и зазема централно место во усогласувањето и постигнувањето рамнотежа на нежните контури околу очите. Оваа формула е успешна заради иновативниот и патентиран Thiamidol кој обезбедува намалено производството на меланин и ја спречува хиперпигментацијата. Интеракцијата на пигменти кои рефлектираат светлина прави буквално будење на свежината на кожата и моментално да се отстранат знаците на замор.


Хијалуронската киселина, пак е чувар на младоста, го намалува отекувањето на подочниците и нежно ги измазнува борите, па се добива помазен и подмладен изглед. Придонес имаат и олегопептидите кои создаваат длабок, внатрешен баланс на кожата, вклучувајќи колаген што допринесува за поотпорна структура на кожата.

Со секое прецизно нанесување, овој коректор буквално магично ја трансформира хиперпигментираната област во рамномерна и префинета област. Трансформацијата според клиничка  студија во која беа вклучени 120 жени, во период од 4 седмици, покажа дека темните кругови видно се намалуваат.


За да се има бистар поглед, разбудени очи што не се затскриваат во длабочината на несакани темни кругови треба да се има посветеност и сериозна ефикасност на производот што се користи. Само на тој начин може да се зачекори на вистинскиот пат со обновена и новосоздадена самодоверба.