Loading...

Заведувајте со бојата на облеката: Четири секси бои што им „стојат“ на сите жени


Боите од средината на спектарот кои не се ни премногу топли, ни ладни им „стојат“ на сите жени.

Тие воедно прават да се чувствувате и секси.

Откријте за кои бои станува збор:

Црвена

Ако сте во дилема, облечете црвено. Оваа боја на секоја жена и ја дава саканата предност. Дури и студијата на Универзитетот Дурхам од Англија докажала дека на атлетичарските натпревари повеќе шанса за победа имаат оние кои носеле црвени дресови.

crven

Сино зелена

Сино зелената и дава здрав изглед на кожата. Одлично се комбинира со црната, светло кафена и останатите неутрални бои.

zelenoplav

Валкано розова

Нежната, валкано розова нијанса е префинета боја за сите дами. Таа е мешавина помеѓу светло розова и боја на праска, со повеќе сиви под тонови. Оваа боја ја нагласува природната свежина на лицето и секој кој ја носи остава впечаток дека блеска.

roze

Виолетова

Виолетовата е исклучително „прилагодлива“ боја, слично како и црната, темно кафената или морнарско сината.

viletova