Заведи го со романтика во када :)



Еве како да приредите спа третман за себе и вашиот партнер во сопствена режија.


Освен топла вода и топла просторија, ќе ви биде потребно и масло за масажа, како и крема за пилинг кои претходно треба да ги загреете за да ги освежат сите ваши сетила и да го зголемат уживањето.

Топлината, освен што опушта, ја подобрува и циркулацијата. Топлата купка е совршен начин да ја започнете вечерта, за потоа да продолжите со некој друг третман или уживање во креветот. Пената и меурчињата се забавни, но брзо ги снемува. За да не се случи тоа, користете млечна купка со масло – тоа ќе ја направи водата непроѕирна, а мажите обожаваат да го замислуваат она што не можат така лесно да го видат кај жената. Купката ја омекнува кожата и ја прави помазна.


Пред да влезете во кадата, подгответе и топол чај со рум (или земете шампањско :)) и запалете свеќи околу кадата . Кога ќе завршите со капењето, замотајте се двајцата во меки крпи кои претходно сте ги оставиле да се стоплат на парното. На крајот, намачкајте го партнерот со хидратантна крема која сте ја загреале во микробранова.

Идеално би било да го измасирате партнерот, или пак тој вас. Ставете неколку капки масло помеѓу дланките и со нежни движења распоредете го по целото негово тело. После ваков опуштачки третман, партнерот може само да ви се препушти во неверојатен секс. Без стрес, отпор и изговори – само уживање.