Има добри жени брат. Не ми викај дека нема. Само не се рекламираат нападно. Не дека се тивки или безгласни. Гласни се, ама пријатно гласни. И не дека се баш мирни и повлечени. И они се беснотии. И они имаат црви во га*от, и они прават лудории, ама некако слатко и со стил. Не глумат недостижни, ако ме прашуваш тоа. Под маската на недостижноста се кријат тие евтините. Добрите жени се достижни за муабет, за смешки, за дружба. Они сакаат да бидат во друштво на нормални и неисфрустрирани дечки. И од нив извира сексипилот, ама некако возвишено, а не простачки. Посебно од очи. И они сакаат внимание. И они сакаат да ги погледнеш со желба. Да видат дека ги соблекуваш со поглед, ама не за да им го видиш голото тело, туку разголената душа. Со добрите жени секогаш си на чисто брат. Они не ја рачунаат врската у саати, туку во години и децении. Затоа, ако бараш права жена, размисли дали си спремен на такво нешто. Дека нив со ништо друго не можеш да ги добиеш.
Автор: Драган Таневски
—-
Комплет Колекционер 1-5