Секоја активност на интернет може да донесе ризик. Никогаш не бил поголем опсегот на комуникација, размена на информации, документи, слики или видеа онлајн. Во време кога преку интернет одржуваме состаноци, плаќаме сметки, се едуцираме и го водиме бизнисот, сајбер заканите се наше секојдневие.
Особено треба да внимаваме на деловните информации и активности, затоа што малите и средните бизниси се идеална мета за сајбер криминалците. Тие се најчесто минимално заштитени или воопшто не се заштитени и не располагаат со соодветна и безбедна инфраструктура.
Овие упади можат да предизвикаат далекусежни последици за вашиот бизнис, како што се: упади во сметките, застој на работата, сајбер уцени, злоупотреба на деловни информации…
Токму затоа, безбедноста на интернет станува приоритет број еден. Кога зборуваме за сајбер безбедност, прво на што помислуваме се антивируси и Firewall типови на заштита, но ова не е доволно. На вашата компанија ú е потребна целосна заштита на мрежата, со која доверливите податоци и важните информации секогаш ќе бидат заштитени од манипулација. Кога зборуваме за заштита на интернет, мислиме дека ни треба предзнаење или професионална помош, но не е така. Постојат услуги коишто се лесно достапни, едноставни за користење и коишто нудат целосна заштита на вашата мрежа.
Едмонд Весели, бизнис менаџер во битолската компанија „Агнеса“ вели: „Ние во Агнеса бевме свесни дека за да им го испорачаме на клиентите најдоброто корисничко искуство, мора првенствено да ги елиминираме сите ризици коишто ни стојат на патот. Самото постоење на нашата онлајн продавница значеше дека наш приоритет мора да биде заштитата на интернет мрежата. Како постоечки корисник на услугите на Македонски Телеком, кога ми беше презентиран пакетот SafeNet OFFICE, решив веднаш да го активирам и да ја заштитам компанијата во време кога само една сомнителена порака или клик може да ја загрози досегашната работа и вложениот труд. SafeNet OFFICE ве заштитува вас, вашиот бизнис, клиентите – и најдоброто од сѐ – не морате да бидете технолошки експерт да ја користите оваа услуга. Без никакво двоумење, би ја препорачал услугата SafeNet OFFICE на сите деловни корисници на услугите на Македонски Телеком. Со SafeNet OFFICE се добива заштита од заканите на интернет коишто лесно можат да ни наштетат, а кои честопати ги игнорираме. Доколку имаме можност да спречиме одредени влијанија, тоа секогаш е подобар избор отколку да закрепнуваме од штетите што потоа настануваат.“
Заштитувајќи ја интернет мрежата од хакерски упади и злоупотреби, не само што овозможуваме беспрекорно работење, туку и го штитиме угледот и стабилноста на нашата компанија.
SafeNet OFFICE е интегрирана услуга во фиксниот интернет на Телеком којашто нуди напредна интернет безбедност и автоматски ги блокира потенцијалните закани уште пред тие да дојдат во контакт со корисничките уреди. Бидејќи се работи за cloud услуга, не се потребни инсталации и ажурирања на софтверот, туку таа почнува да работи во моментот кога ќе биде активирана преку мобилната апликација Telekom MK или од страна на вашиот продажен менаџер.