Заразете ги колегите со добро расположение



Научниците докажале дека и емоциите се заразни. Ние несвесно го имитираме држењето и однесувањето на луѓето околу нас, како и нивното расположение.


За среќа, и доброто расположение е заразно. Дали сте се запрашале како негативното расположение може да влијае на вашите работни способности?

Научните во потрага по одговор дошло и до едно друго откритие, имено дека вашето расположение го ширите и на околината или го примате од другите во вашата близина.


Позитивните луѓе се покреативни

Професорката Сигал Барсејд, од Универзитетот во Пенсилванија, анализирала четири групи луѓе од кои е барано да распределат ограничена сума пари. Еден глумец имал задача да одглуми различно расположение


од групата, а учесниците не знаеле за неговата тајна задача.

Кога глумецот ширел негативна енергија со муртење, подигање на гласот или непрестајно мавање на пенкалото, во неговата група лесно доаѓало до конфликти. Во групите каде што бил позитивен, се смеел и бил пријатен, учесниците подобро соработувале во поделбата на парите.

Најдобрите работници знаат да владеат со емоциите

Нерасположените луѓе се секогаш пореалистични, самокритични и насолени кон деталите. Од ова се изведува заклучок дека и доброто и лошото расположение може да биде корисно за ефикасност на работното место. Како што расположението се менува во текот на денот, најдобрите работници, како и нивните надредени, знаат како да го искористат и да владеат со расположението на своите вработени.

Атмосферата на работа е и добар показател. ако сите во околината се лошо расположени, тоа е знак дека во фирмата нешто не е во ред. А од друга страна, ако сте само вие нерасположени, тогаш можеби проблемот лежи во вас и треба да се преиспитате.