
Вања има 29 години. Боледувала од рак дури четири пати, од оној „неизлечивиот“. Родена е со срцева мана, а на тригодишна возраст имала висок крвен притисок.
Сериозна дијагноза за така мало дете. И не така добра прогноза за иднина. Вања сите ги дочека со широка насмевка, пишува Улица21.
„Наутро се будам и јадам по една банана затоа што сум премногу мрзелива за да си подготвам нормален појадок. Пијам седум лекови. Тоа ми е рутина. Не ги заборавам никогаш затоа што доколку прескокнам само еден, постои можност да не ја доживеам вечерната терапија. Не гледам на тоа како на некоја голема трагедија. Многу полошо сценарио би било да не можам да дојдам до тие лекови“, вели таа.
„По сознанието дека туморот се вселил во мојот мозок и дека постои голема веројатност тука и да остане, решив малку подобро се запознаам со него, па некако беше очекувано повторно да проработи антропоморфистичкиот порив“, објаснува Вања.
По овој тумор, се појавија уште два. Еден на вратот и другиот под реброто. Морав на хемотерапија. Три месеци.
Хемотерапијата ме скрши. Не ми пречеше толку што ми падна косата. Ни килажата, која постојано варираше. Мачнините, сепак, беа најгрозни.
Страни: 1 2