Запознајте ги поранешните девојки на принцот Вилијам (Фото)



Вториот престолонаследник на Британија принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, се ожени со обична девојка без благородно потекло и не натера да веруваме дека понекогаш приказните стануваат реалност.


Но, и пред Кејт Мидлтон принцот имаше врски. Еве кои се поранешните девојки на Вилијам:

Роуз Фаркуар


На 18-годишна возраст младиот принц Вилијам на престижниот колеџ Итан се запознал со актерката и пејачката Роуз Фаркуар на една традиционална британска забавa за благородници – лов на лисици. Организатор на манифестацијата со долги години бил таткото на Роуз Иан Фаркуар.Младите брзо открија дека имаат многу заеднички интереси и така Роуз стана првата сериозна девојка на принцот. Но нивната врска траеше помалку од половина година. По неуспехот на кастингот за риалити-шоуто на Ендрју Лојд Вебер, Фаркуар решила да се бори за својата кариера, и се преселила да живее во САД и почнала да учи во познатата школа за глума на Ли Страсбург. Вљубените се збогуваа, но убавицата останала во срцето на Вилијам барем уште една година.

rouz


Страни: 1 2 3