Започнува викенд дружење на детскиот фестивал „Поточиња“!



За време на претстојниот викенд, започнува долгоочекуваното 14-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“. На 8ми и 9ти април во Скопје, во Македонска опера и балет, на репертоарот на фестивалот се планирани вкупно 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот.


Сите љубители на детската музика ќе имаат единствена можност овие два дена да уживаат и да ги проследат 15-те нови песнички и да бидат дел од уникатната детска забава, под палката на солистите и хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, како и главниот водител на манифестацијата, маскотата „Поки“.

Од организаторот Пап Продукција, најавуваат дека се преостанати уште мал број на билети, и дека и оваа година како и претходните, традиционално заинтересираноста за овој детски фестивал постојано се зголемува. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон, касата на Универзална сала и продажната мрежа МК Тикетс.