Започнува месец на европски филмови во Рамстор Мол



Различностите на европската култура преку филм и вкусна храна ќе бидат претставени во престојните 5 недели, започнувајќи од 5 Јуни во Рамстор Мол.


Имено, секој петок од 20 часот во Рамстор Мол на првиот кат во делот за брза храна, бесплатно ќе биде проектиран автентичен европски филм во соработка со амбасадите на соодветните земји во Р. Македонија и тоа според следниов распоред:

05.06 – италијански филм: Добредојдовте претседателе,
12.06 – турски филм: Љубов на друг јазик,
19.06 – полски филм: Jack Strong,
26.06-македонски филм: Скопје Ремикс и
03.07 – шведски филм: Не плачи.


За време на проекциите, посетителите на трговскиот центар Рамстор покрај филмот, ќе уживаат и во специјално приготвените мениа во делот за брза храна.

Преку кампањата Филмски петок, Рамстор Мол упатува покана до сите љубители на добриот европски филм и вкусната храна да ги резервираат престојните петоци за вистинско филмско уживање.