Залудните правила на дамите кои мислат дека се на диета



1. Јадењето од туѓа чинија не се брои!

2. Ако никој не ве види дека јадете, исто како да не сте јаделе.


3. Ако јадете исправени, калориите слегуваат во нозете и се трошат во текот на одењето.

4. Пиете газирано без шеќер за време на десертот.


5. Салатата со сосови и дополнителните состојки како сирење, јајца, маслинки и др. не ги сметате, бидејќи вие јадете само салата.

6. Храната што се користи за медицински цели, не се брои. На пример чоколадото кое го користите за енергија, сладоледот во својство на антидепресант и др.

7. Она што го јадете во кино, не содржи калории, бидејќи е дел од забавата, а не дел од ручекот.

8. Сечете парчиња од колачот! Само едно парче содржи калории, а за другите не му ја мислите.

9. Кога се храните со некој друг, калориите не се бројат, ако и двајцата го конзумирате истото количество.

10. Јадењето за време на готвењето, не содржи калории.