Задржи ја младоста на кожата со чоколадна маска



Темното чоколадо е ненадминлив антиоксидант, тој го подобрува расположението, заситува и дава енергија. Можете да го користите и како маска за лице, бидејќи е исклучително корисно за кожата.


Со богата содржина на активни материи, витамини и микроелементи, ја подмладува и храни кожата. Чоколадната маска ги отстранува пигментните дамки и пегла брчки. Може да се подготви маска, со темно чоколадо.

Кон стопената количина на чоколадо додадете 1 лажичка маслиново масло и оставете ја смесата да се излади. Нанесете внимателно на лицето и почекајте 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.


Можете да користите чоколадна маска и ако имате мрсна кожа, но тоа е особено корисно за чувствителната сува кожа. Може да се подготви маска и на друг начин.

За другиот рецепт ќе ви треба чаша млеко, 3 лажица морска сол и 100 гр црна чоколада. Растопеното чоколадо, заедно со млекото и морската сол, ги ставете сите во еден сад и мешате додека не добиете мазна хомогена смеса. Нанесете на лицето, кога смесата ќе се излади. Оставете ја маската да дејствува околу 20 мин и исплакнете со вода.