За жена нема ништо по привлечно од верен маж. Кој знае што сака…


Кога ќе ти сврти грб и кога ќе ти каже дека нема ништо повеќе да ти каже, не и верувај.
Прииди и. Не мораш ништо да кажеш. Но молчи со неа. Гушни ја, нека го осети твоето присуство. Нека види дека ти значи. Колку и да се преправа пoнекогаш, на жената и е потребно внимание. Дај и го.
Посебно ако она ти го поклонува секојдневно. Ако се труди. Не е совршена, а не си ни ти. Затоа совршенството треба да се бара во вашите несовршенства, грешки, мани. Доблестите лесно се сакаат. А во лесно нема ни предизвици нити длабочина. Платонски е и пролазно.
Кога ќе ти сврти грб знај дека постои причина. Свртен грб е како sид. Прескокни го. Дојди до неа. Погали ја по косата. Избриши и ги солзите. Колку ќе ја допреш толку ќе бидеш голем во нејзините очи.
Тие допири немаат врска со твојте прсти, усни. Тоа се допири од душата. Единствени допири кои вредат. Не ја пуштај, ако еднаш ја пуштиш, дури и присутна ќе ти биде далечна. Ќе и го срушиш светот, а на жената лесно и се рушат световите…
Внимателно со неа, како со цвет.
Кога ќе ти сврти грб, немој и ти да вртиш грб. Нека не трепери од очај, направи да трепери од твојата близина. Нека знае дека си тука.
Насмевни ја, подсети ја на се што имате заедно. Нека во тебе го види својот мир. Верност.
За жена нема ништо по привлечно од верен маж. Кој знае што сака.
Нека најде сигурност, да знае и кога ќе паѓа дека си тука и ќе ја фатиш за рака. Знаеќи дека никогаш нема да ја пуштиш. Дека нема да се откажеш од неа.
Кога ќе ти сврти грб нека не ти биде тешко да ја расположиш, да заборави на кавгите, несогласувањата.
Однеси ја на слатко, гушни ја цела. Шeпни и колку ти значи. Кажи и колку целиот твој свет застанал во нејзините зеници.
Остани буден со неа. Изненадија со доручек.
Биди и ситница.
Тогаш ќе и бидеш бесконечен космос.

Автор: Дејан Велевски