За време на сексот се лачат хормони кои го менуваат женското тело. Како сексот го обликува задникот на жената?



Според експертизата на интернет, за време на сексот се лачат хормони што го менуваат женското тело. Среќа што на темата се прашани и вистински експерти.


Задникот поминува низ разни фази во текот на сексуално активните години, ама големината во голем дел има врска со Орео колачите, за жал. Меѓутоа, се чини дека многу го прифаќаат почетниот став. Ако го изгуглате ова прашање, ќе ви излезат купишта женски форумски дискусии.

Често ќе налетате на жени кои се колнат дека „суштината на сексот е подготовка на телото на жената за бременоста (ама не е), така што кога имате секс, вашето тело природно размислува за тоа да се подготви за дете“; или жени кои тврдат дека заради сексот бедрата им се пошироки или газовите им се поголеми. Од друга страна, дури и некои блогери ќе ви кажат дека „да, сексот може да влијае на тоа да ви порасне газот, ама може и седењето во кола на пат до работа, бидејќи и таму можете да ги затегнувате и опуштате истите мускули“. На истите форумски дискусии има и многу од тие кои го отфрлаат ова тврдење како мит, но и понатаму има многу неодлучни по прашањето дали во оваа долгопостоечка гласина има парче вистина.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3 4