За што фантазираат мажите во креветот?



Ако мислите дека сте единствената работа која му паѓа на ум на вашиот партнер додека зовривате меѓу чаршавите, размислете уште еднаш.


Жените радо би знаеле што се случува во главата на мажите кога започнува предиграта, но всушност подобро би било кога би немале поим, покажа истражувањето на Космополитен. Имено, на памет им паѓа се`, освен вие.

Во мислите им се вртат сексуални фантазии за вашите пријателки, колешки од работа, тројки и разни други авантури во креветот.


Се покажало дека околу половина од мажите во врска или брак сака секс со некоја од своите пријателки, а 18 проценти би се фрлиле во кревет со некоја колешка. Дури третина од нив пикира на некоја пријателка на својата партнерка, а поеднаков број размислува на бившата.

Дури 42 проценти признале дека биле неверни во врските, но за утеха на сите што во моментов се во врска,


82 проценти од неверните после имале грижа на совест.