За плодност и среќа: Зошто треба да преноќите во оваа црква!



Место каде душата може да го најде својот мир и спокој, место каде птиците посилно пеат, место каде секој може да си ги пронајде своите мисли длабоко во себе, чудотворната моќ на ова место секој може да ја доживее на свој начин.


Во срцето на Националниот парк Пелистер, среде букова шума, на надморска висина од 1400 метри и на 2 километри од селото Маловишта, се наоѓа манастирот посветен на мајката на Пресвета Богородица, света Ана, пишуваат од Поглед.

Постојат извори кои сведочат за неговото постоење уште во средината на 18 век. Денешната црква, пак, е изградена во 1936 година, додека конаците, во повеќе наврати, биле градени водваесеттиот век.


Во деновите кога се слави, ова место е исполнето со верници од Битола, Ресен, но и од други места во Македонија, славејќи го 7 август, Успението на Света Ана.

Продолжува на следната страна


Страни: 1 2